Историја
Денешната индустрија за млеко, млечни производи и природни овошни сокови Млекара а.д. Битола своите корени ги влече од далечната 1952 година и моментално е апсолутен лидер во млекарската индустрија во Република Македонија. Долгата традиција и современата технологија, која ги следи современите светски трендови и постојаното унапредување на производните капацитети, овозможуваат
Bimilk секојдневно да ги задоволува највисоките критериуми и потребите на милиони потрошувачи.
Природните овошни сокови
Bifruit, како иновативен производ на Млекара а.д. Битола, се појавија во декември 1997 година под името "битолски сокови". Како што поминуваа годините, производната палета на битолските сокови се ширеше сè повеќе и повеќе. Во таа насока, во периодот од 2003 до 2006 година се појавија овошните сокови "Oti", а во периодот од 2006 до 2009 година се појавија и овошните сокови "benefit", како дополнување на основната палета на битолските сокови.
Во 2010 година е направено ребрендирање на битолските сокови, со што тие добиваат нов модерен изглед и името "битолски сокови" преминува во Bi-сокови. Палетата од 5 вкуса во 2011 година е проширена со 4 нови вкуса, а нашите 100% сокови добија ново модернизирано пакување. Со таа промена на нашите 100% сокови се додадени и QR кодови, кои може да се прочитаат со помош на камерите на мобилните телефони, а зад себе кријат интересни информации кои е вредно да се прочитаат. Со 5 вкуса во својата палета,
Bifruit целосно може да ги задоволи барањата на своите потрошувачи, кои се навикнати да добиваат енергија и здравје од секоја испиена чаша овошен сок.
Квалитет
Континуираното унапредување на квалитетот и безбедноста на храната, притоа водејќи грижа за зачувување и подобрување на животната средина, претставува основна цел и приоритет на Млекара а.д. Битола. Како потврда за управување со квалитетот и безбедноста на производите, добиен е сертификат за успешно спроведување на стандардот ISO 22.000 во 2011 година. Исто така, со цел зголемување на соработката со потрошувачите, во 2010 година е отворена специјална телефонска линија +389 23130500, како и
Bifruit група на "Фејсбук". Со тоа
Bifruit покажа дека е отворен за сугестии, коментари, како и за предлози кои доаѓаат директно од нашите потрошувачи. За нас потрошувачот секогаш бил на првото место, а така и ќе остане засекогаш.
Галерија