По повод на Новогодишните и Божиќните празници Млекара А.Д, Битола во соработка со Тинекс понуди одлична можност за ново освежување со BiFruit сокови по намалени цени на сите видови на овошни сокови за 10 денари. Акцијата важи во сите Тинекс маркети почнувајќи од 16.12.2014 до 15.01.2015 година или до потрошување на предвидената количина на сокови.
По вестите за природната катастрофа која го опфати регионот, Млекара АД Битола веднаш се активира во насока на помош на настраданите лица. Следејќи ги насоките и апелите на хуманитарните организации на погодените држави и апелот на Црвениот крст на Република Македонија, помошта во храна е на врвот од најпотребните артикли. Оттука Млекара АД Битола ги презеде сите активности за реализација на донацијата од прехранбените артикли од својата програма – природните овошни сокови Bifruit.
Млекара АД Битола и понатаму ќе ги следи состојбите и развојот на ситуацијата во поплавените региони со цел навремено да одговори на сите апели за хуманитарна помош, кои ќе овозможат што полесно надминување на оваа хуманитарна непогода, соопштуваат од компанијата.
НОВО: Здраво и вкусно освежување со сок од вишна!
Радост со секоја голтка, Насмевни Се
Во знак на благодарност за долгогодишната, поддршка и соработка, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ од Битола, во деновите на прослава на патрониот празник, заради искажаната хуманост и додели Благодарница на Млекара А.Д Битола.
Мисијата на Република Македонија при НАТО додели благодарница на нашата Битолска млекарница за исклучителниот придонес кон организацијата на хуманитарниот базар на НАТО, овозможувајќи успешна промоција на македонски производи и афирмација на Р. Македонија во меѓународни рамки, како и собирање на средства за добротворни цели.
Нашиот А+C+Е нектар на пазарот сега е достапен со нов, посвеж и подобар вкус. Неговиот уникатен вкус е комбинација на повеќе неодоливи вкусови. Така покрај морковот, тој во себе содржи уште 11 овошја:
1. Портокал
2. Ананас
3. Јаболко
4. Банана
5. Гуава
6. Манго
7. Лимон
8. Кајсија
9. Пасион
10. Папаја
11. Праска
На 30 Јуни, на плоштадот Магнолија во Битола се одржа Изложба на олдтајмери. За време на изложбата посетителите имаа можност да ги дегустираат добро познатите вкусови на Bifruit соковите и да направат мала освежителна пауза на Bifruit штандот.
На 8 и 9 Јуни во спортската сала на СОУ “Н.Н.Борче” во Пробиштип се одржа одбојкарски куп, поддржан од Bimilk и Bifruit. За сите учесници и водачите на екипите на оваа одбојкарска активна здрава забава+ Balans+ обезбеди маици со логото на Bimilk и Олимпијада + и логото на својот клуб. А за време на натпреварите учесниците се освежуваа со јогуртот Balans + и соковите од Bifruit.
За сите млади, урбани и активни луѓе во Битола, BiFruit и BiMilk со своја донација ја овозможија изградбата на новиот Скејт парк во Градскиот парк. Неговото свечено отворање се одвиваше на 15 Јуни, а присутните имаа можност да го дегустираат и да се освежуваат со Bifruit А+Ц+Е нектарот.
Сетот од Bifruit нектарите од портокал, праска, јаболко и АЦЕ може да го набавите по цена од 165 денари низ продажните места во: Скопје, Куманово, Битола, Демир Хисар, Крушево, Кратово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.
Сетот од Bifruit 100% сокови од портокал и јаболко може да го набавите по цена од 99 денари низ продажните места во: Скопје, Куманово, Битола, Демир Хисар, Крушево, Кратово, Крива Паланка, Струмица, Радовиш, Валандово и Дојран.
Со омилениот Bifruit џус од портокал, а со арома на последните пролетни денови подгответе коктел од јагоди и сок од портокал. Во него може да уживате со целото семејство, а за 3 – 4 чаши од овој пијалок ќе ви бидат потребни:
• 250 грама јагоди
• 1/2 литар Bifruit 100% сок од портокал
• 4 лажици шеќер(или по вкус во зависност од блажината на јагодите)
• коцки мраз
Подготовка:
Во блендер измешајте ги јагодите, сокот од портокал и шеќерот. Ако сакате може во блендерот да додадете неколку коцки мраз.Турете во чаши, по избор со или без коцки мраз, и послужете.
Секој Bifruit 100% сок содржи QR код, а со неговото читање ќе добиете предлог рецепт за сезонски коктел. Минатата пролет Bifruit 100% портокал го сподели со вас рецептот за коктелот Orange Fizz. Кој коктел се крие оваа сезона? „Погледнете“ на QR кодот, подгответе ги коктелите и уживајте со забавно друштво ;)
Традиционалната манифестација „Избор на најуспешни битолчани за 2012 година“ во организација на најстариот локален печатен медиум „Битолски весник“ се одржа по 14 – ти пат на 22.02.2013, оваа година.
Притоа на манифестацијата, позната меѓу битолчани како битолски „оскари“ беа прогласени најуспешните во повеќе области. Нашата Млекара АД Битола го доби признанието за најуспешна компанија во областа на стопанството.
Нашата веб страница се освежи со новиот заштитен лик, Сашка Камчева, која победи во големото финале на Bifruit наградниот натпревар „Нов лик за нова свежина“. Како дел од својата награда Сашка доби и професионално фотографирање со цел нејзината фотографија да биде поставена на почесно место на почетната страна, меѓу сите Bifruit сокови со „Природата во срцето“. Освежени и разубавени, продолжуваме од срце да се радуваме на нашиот освежен изглед, а за ваше освежување и понатаму ја имаме нашата палета од сите овошни Bifruit сокови :)
После 10 натпреварувачки недели, а потоа и 10 денови од големото финале победник на Bifruit натпреварот „Нов лик за нова свежина“ стана финалистката Сашка Камчева. Со тоа Сашка ќе стане ново заштитно лице на нашава веб страница и ја добива големата награда од 50 000 денари и пакет Bifruit сокови од омилениот вкус. Им благодариме на сите кои зедоа учество во нашиот натпревар и одбележување на Bifruit - 15 години со вас :)
Во последната, десетта недела од нашиот натпревар „Нов лик за нова свежина“ победничка беше фотографијата на Драгана Влахова, а наш десетти финалист стана малиот Михаил Влахов.
Така со 10 финалисти: Сашка, Вања, Бисера, Ана, Ема, Димитри, Иван, Ирена, Христина и Михаил на 21.12.2012 го започнавме Големото финале кое ќе трае до 30.12.2012. Помогнете ни да го избереме новото заштитно лице на нашава страница со гласање за еден од ликовите поставени на страницата.
Победничка во деветтата натпреварувачка недела од нашиот избор за Нов Bifruit заштитен лик е Христина Мрмачовска. А сега веќе е во тек последната, десетта недела која ќе ни го даде и последниот, десетти победник за учество во големото финале.
Приклучете ни се со Ваша фотографија или Вашиот глас во оваа снежна натпреварувачка недела преку следниот линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/ :)
На крајот од осмата недела од нашиот натпревар „Нов лик за нова свежина“ победата ја однесе фотографијата на Наташа Латиновска.Така ја добивме Ирена како осми лик за нашиот финален избор во кој 10 финалисти ќе се борат за титулата и местото на ново заштитно лице на нашата веб страница, награда од 50 000 денари и секако пакет од омилениот Bifruit вкус :) Ве покануваме и вие со вашиот мил лик да се приклучите во нашиот натпревар преку следниов линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/.
Седми победник во нашиот натпревар „Нов лик за нова свежина“ е фотографијата на Љубица Петковска со ликот на малиот Иван :) Иван влегува во финалниот избор како седми финалист и ќе се бори за главниот подарок од 50 000 денари, како и трајно почесно место како ново заштитно лице на нашиот веб сајт.
Останува место за уште тројца финалисти, и три неделни награди, па побрзајте приклучете се и вие во нашиот натпревар преку следниот линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/:)
Во шестата недела од нашиот натпревар „Нов лик за нова свежина“ победата ја однесе фотографијата на Марија Калофова Ѓокоска. После 5 убави девојки, неделната награда, а и местото на нашата веб страница ќе го отстапиме на едно згодно момче. Значи наша нова изрека ќе биде не прво, туку шесто, па машко :)
Ве покануваме и вие со вашиот мил лик да се приклучите во нашиот натпревар преку следниов линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/. Може 7 е вашиот среќен број ;)
Веќе сме на половина пат од натпреварот „Нов лик за нова свежина“ :) На почетокот од оваа недела го добивме петтиот победник - фотографијата на Елизабета Мартиновска од малата Ема. Така сега имаме 5 пополнети прозорчиња со 5 наградени лица кои ќе се борат во финале за главната награда од 50 000 денари и трајно почесно место на нашава веб страница. Остануваат уште 5 прозорчиња за пополнување, па повелете приклучете се во нашиот натпревар преку следниот линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/.
Четврта победничка фотографија на натпреварот „Нов лик за нова свежина“ е фотографијата на Ана Ценева. Покрај неделната награда од 10 000 денари, пакет Bifruit сокови од омилениот вкус и почесно место на нашава веб страница Ана влегува и во финалето на изборот за ново Bifruit заштитно лице, во кое победникот ќе добие и парична награда од 50 000 денари. И Вие може да се приклучите во нашиот натпревар преку следниов линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/, со Ваша фотографија или да ни помогнете во изборот со Вашиот глас.
Третиот победник на натпреварот „Нов лик за нова свежина“ е фотографијата на Борис Анастасов. Неговата сестра, Бисера ќе биде нашето заштитно лице до изборот на следниот неделен победник и една од 10 - те финалисти во изборот на ново заштитно лице на Bifruit веб страницата. И Вие може да се приклучите во нашиот натпревар преку следниов линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/, со Ваша фотографија или да ни помогнете во изборот со Вашиот глас.
Почитувани фанови,
Трет победник на Бифрут натпреварот е сликата од фанот Boris Anastasov.
Сакаме да Ве известиме дека Viktorija Micevska е дисквалификувана поради кршење на правилата на натпреварот. Дел од нејзините гласови се од профили на Фејсбук коишто не постојат и профили коишто се наменски направени за натпреварот, со што е нарушен принципот на фер натпревар во однос на другите учесници.
Бифрут секогаш се залага за фер игра и сите обиди за манипулација на гласањето и во иднина ќе бидат спречени, а учесниците во нив дисквалификувани.
Со почит,
Бифрут
Вториот победник и финалист на натпреварот „Нов лик за нова свежина“ за избор на ново заштитно лице на нашава веб страница е Александра Јаневска Зафировска чија фотографија освои преку 1500 гласови. Покрај паричниот подарок од 10 000 денари и пакет Bifruit сокови, нејзината слика ќе ја краси нашата почетна страница до изборот на следниот финалист. И уште еднаш да ве потсетиме дека и вие може да се приклучите на натпреварот на следниов линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/
Првиот победник и првиот финалист на натпреварот „Нов лик за нова свежина“ за избор на ново заштитно лице на нашава веб страница е Сашка Камчева чија фотографија освои преку 1600 гласови. Покрај паричниот подарок од 10 000 денари и пакет Bifruit сокови, нејзината слика ќе ја краси нашата почетна страница до изборот на следниот финалист. И да ве потсетиме дека и вие може да се приклучите на натпреварот на следниов линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/
Изборот на новото заштитно лице на нашава фан страница го ставивме во рацете на нашите Facebook фанови :) Во тек на 10 последователни недели тие ќе се натпреваруваат за неделна награда - 10 000 денари, пакет Bifruit сокови, а неделната победничка фотографија една недела ќе стои на почетната страна на нашава веб страница. Потоа од 10 - те неделни победници ќе се гласа за финален победник којшто ќе добие професионално фотографирање како ново заштитно лице на Bifruit веб страницата, и парична награда од 50 000 денари. Натпреварот се одвива преку нашата апликација на следниот линк https://apps.facebook.com/bifruitnatprevar/. Повелете, приклучете ни се ;)
За сите фанови на Facebook страницата на Bifruit подготвивме нов, интересен натпревар којшто ќе стартува многу наскоро :) Заедно ќе го менуваме и освежуваме ликот на нашата веб страница, ќе даваме вредни подароци ... и така ќе го прославуваме 15 - годишното постоење на нашите и вашите Bifruit сокови :)
Со своја донација Bifruit ја збогати понудата на првиот Базар на колачиња со јаболки организиран од учениците во ОУ „11 Октомври“, Скопје. Оваа активност беше по повод Денот на јаболкото - 27 Септемврии со цел подигнување на свеста кај пошироката заедница за проектот ЕКО училиште. Јасно, наш главен претставник беше Bifruit нектарот од јаболка :)
За прослава и наздравување лесно може да се најде повод или причина. А и лесно може да се подготви добар коктел со помош на рецептите од QR - кодовите на 100% Bifruit соковите. Одличен предлог е коктелот Mimosa споделен со вас минатата есенска сезона. За негово приготвување ви се потребни:
- шампањ 120 мл
- Бифрут 100% портокал - 60 мл
- малку Гранд Маринер
Следејќи ги потребите и барањата на потрошувачите, технолозите на BiFruit со употреба на веќе познатата овошна комбинација на Дивиот коктел: цреша, јагода, малина, црна рибизла и јаболко создадоа уште подобар и поосвежителен вкус прифатлив за сите генерации. Наскоро ќе биде достапен во сите продажни места низ Македонија.
Ги запрашавме фановите на нашата Facebook фан страница кој е нивниот омилен Bifruit вкус во овие летни денови. Еве како ни одговорија тие ...
Најдобрата слика за месец јуни, постирана на нашата Facebook страница ја добивме од нашиот фан Тони Илиески. Најомиленото сокче на Мила е Bifruit нектарот од праска и вака таа ги поздравува сите пријателчиња на Bifruit соковите :)
Bifruit џусот од јаболко нуди 100% овошно уживање и освежување во текот на летните месеци. Покрај тоа неговото редовно пиење има и низа други позитивни ефекти врз Вашиот организам.
Топ 10 бенефити на 100% Bifruit сок од јаболка:
1. Го намалува лошиот холестерол и го подобрува кардиоваскуларното здравје на личноста
2. Корисен е за губење на прекумерната тежина. Оттука може да се остане фит и тенок со пиење сок од јаболко
3. Богат е со калиум и заради тоа многуе корисен за луѓето кои страдаат од артритис и реума
4. Го подобрува функционирањето и здравјето на цревата
5. Сировиот сок од јаболко го чисти црниот дроб и бубрезите и го намалува ризикот од болести на бубрезите и црниот дроб
6. Го подобрува варењето и ги елиминира штетните токсини од телото
7. Заедно со мед и млеко е многу корисен за „слаби нерви“
8. Сок од јаболко со мед е многу ефикасен лек за анемија во бременоста
9. Содржи антиоксиданси кои спречуваат различни видови на рак
10.Добар е за белите дробови и го намалува ризикот од астма
Почитувани корисници, фанови и поддржувачи!!! Сакаме да Ве известиме дека Bifruit одлучи да ја продолжи акцијата до крајот на Мај 2012 година. Препорачаните цени остануваат исти: Портокал - 49 мкд, Јаболко - 42 мкд, Праска - 45 мкд, АЦЕ коктел - 46 мкд, Боровинка - 52 мкд, Див коктел - 49 мкд и Ананас-Кокос - 52 мкд. Затоа уживајте во Вашите омилени сокови и заштедете при секое купување ;)
Поради големата прифатеност на Акциските цени на соковите (нектари) ширум Македонија, Bifruit одлучи да ја продолжи акцијата до крајот на Април 2012 година. Препорачаните цени остануваат исти: Портокал - 49 мкд, Јаболко - 42 мкд, Праска - 45 мкд, АЦЕ коктел - 46 мкд, Боровинка - 52 мкд, Див коктел - 49 мкд и Ананас-Кокос - 52 мкд. Затоа уживајте во Вашите омилени сокови и заштедете при секое купување ;)